Глобален систем за позиционирање или ГПС (англиски: Global Positioning System или GPS) е единствениот целосно функционален глобален навигациски сателитски систем (GNSS). Користејќи група од најмалку 24 сателити што пренесуваат прецизни микробранови сигнали, системот овозможува GPS приемниците да ја пресметаат нивната местоположба, брзина, правец и време.
Типичниот GPS-приемник ја пресметува неговата позиција користејќи сигнали од четири или повеќе GPS сателити.
Четири сателити се потребни бидејќи на процесот му е потребно многу
прецизно локално време, повеќе точно од тоа што може да обезбеди било
кој нормален часовник, па приемникот внатрешно го пресметува времето
како и позицијата. Со други зборови, приемникот користи четири мерења за
да се пресметаат четири променливи - x, y, z, и t.
Овие вредности се претвораат во повеќе разбирливи форми, како што е
географска ширина/должина или локација на мапа, и потоа презентирани на
корисникот.
Секој GPS сателит има атомски часовник
и непрекинато праќа пораки кои го содржат тековното време на почеток на
пораката, параметри за калкулирање на локацијата на сателитот и општата состојба на системот. Сигналите патуваат со позната брзина - брзина на светлината
низ просторот. Приемникот го користи времето на пристигнување за да го
пресмета растојанието до секој сателит, од каде што ја детерминира
позицијата на приемникот користејки геометрија и тригонометрија.
Иако четири сателити се потребни за нормално фукционирање, во некои
посебни случаи може да се потребни и помалку. На пример, ако една
променлива е веќе позната (на пример, брод на море знае дека неговата
надморска височина е 0), радиоприемникот ја пресметува неговата позиција
користејќи само три сателити. Приемниците користат и други податоци (доплеров ефект
на сателитските сигнали, последната позната позиција, навигација на
проценка, инерцијална навигација, итн.) за да дадат поверодостојни
одговори кога помалку од 4 сателити се видливи.
Нема коментара:
Постави коментар